
Претпоследниот натпреварувачки викенд од Светскиот куп во биатлон, одржан во Остерсунд (Шведска), во себе ги содржеше последните штафетни трки.
Во женска конкуренција, до победата дојде Норвешка (1:08:00,7) во чиј состав беа Јуни Арнеклеив, Ида Лиен, Ингрид Ландмарк Тандерволд и Марте Олсбу Роиселанд.
Втората позиција ја освои Франција (+15,2), односно Лу Жанмоно, Клои Шевалие, Каролин Коломбо и Ане Шевалие-Буше, кои го освоија малиот кристален глобус за својата држава после две децении.
Зад нив завршија Јанина Хетих, Хана Кебингер, Ванеса Воигт и Денизе Херман-Вик, кои и’ донесоа трето место на Германија (+27,2).
Кај мажите, исто така, подиумот беше идентичен при што, до титулата, а воедно и до победата на трката дојде Норвешка (1:09:12,4) поточно Ендре Стромсхајм, Вебјорн Соерум, Јоханес Дале и Ветле Сјастад Кристијансен.
За второпласираната Франција (+22,5) настапија Оскар Ломбардо, Ерик Перо, Антонан Жигона и Фабиен Клод, додека за Германија (+37,4) скијаа Роман Реес, Јоханес Кин, Филип Наврат и Бенедикт Дол.