
Четвртото издание на женската норвешка турнеја во ски скокови, ,,Роу Ер”, започна со натпреварувањето во Осло.
На него, по осми пат во кариерата, до триумфот дојде Кјара Кројцер.
Зад неа, на седмото овосезонско второ место, се пласираше Ема Клинец, а радост на домашната публика и’ донесе Ана Одине Стром.
Како четврта заврши Јапонката Јуки Ито, а лидерката од првата серија, Катарина Алтхаус, беше петта.
Во продолжение, во првите десет завршија уште: Зелина Фрајтаг, Александрија Лути, Марен Лундби, Абигејл Стрејт и Ника Крижнар.