
Серијата од девет победи во низа на Тампа Беј Рејс беше прекината синоќа од страна на Бостон Ред Сокс.
Имено, прерставниците на Масачусетс ги поразија актуелните вицешампиони со резултат од 2-3 на гостински терен.
Бостон поведе со 0-1 во вториот ининг преку Алекс Вердуго, а само еден период подоцна, ,,Ражите” направија пресврт со хоум-ранот на Вандер Франко и со освоените бази на Нелсон Круз.
Во седмиот дел, Кристијан Вазкез ја однесе топката на трибините за израмнување на 2-2, а победа на гостите им донесе трчањето на Рафаел Деверс во последниот ининг.
И покрај поразот, Рејс (84-49) останаа на врвот на Американската лига, додека Ред Сокс (76-59) ја заземаат петтата позиција.



