Македонската фудбалска репрезентација вечер со почеток од 20.45 часот на арената „Тодор Проески“ ќе ги одмери силите со Ерменија во рамките на квалификаците за Светското првенство во Катар, наредната година.
Енис Барди – репрезентативец на Македонија:
„Клучни играчи сме сите, тука нема поединци. Ова е семејство во кое сите сме важни. Така треба да мислиме и понатаму. Се што помина мора да оставиме зад нас и да живееме во моментов. Ерменија има многу добра репрезентација, но ние ќе се фокусираме на нашата работа. Ние го знаеме нашиот квалитет и треба тоа да го покажеме на терен и да ги исполниме задачите на селекторот“