На меѓународниот меморијален турнир “Миле Нешкоски” кој изминативе три дена се одржуваше во Прилеп екипата на РК Струга го освои пестото место.
Во последниот натпревар против РК Голден Арт во регуларните 60 минути крајниот резултат гласеше 27-27. Во пенал рулетот на сцена стапи голманот на РК Струга, Никола Матовиќ кој успеа да одбрани 2 седмерци за конечни 31-29 во корист на стружани.