
Втората станица од Новогодишната турнеја од Светскиот куп во ски скокови беше германскиот Гармиш-Партенкирхен.
На ова натпреварување, исто како и на првото во Оберстдорф, триумфираше Халвор Егнер Гранеруд.
Норвежанецот беше најдобар и после двете серии и дополнително го зголеми водството во генералниот пласман на турнејата.
Второто место го освои Словенецот Анже Ланишек, додека лидерот во Светскиот куп, Давид Кубацки, беше третопласиран.
Од останатите скокачи, во првите десетмина завршија уште: Мануел Фетнер, Јан Херл, Пјотр Жила, Даниел Чофених, Андреас Велингер, Камил Штох и Михаел Хајбок.