
Второто издание на Силвестер Тур, пандан на Новогодишната турнеја во женска конкуренција од Светскиот куп во ски скокови, заврши денес со второто натпреварување во Љубно, Словенија.
На него, до победата дојде Ева Пинкелних, која триумфираше на три од четирите трки на турнејата и го понесе ,,Златниот був”.
На второто место се пласираше единствената друга победничка, Ана Одине Стром, додека третата позиција ја освои Зелина Фрајтаг.
Канаѓанката Александрија Лути заврши како четврта, а петтопласирана беше освојувачката на најниското место на подиумот на Силвестер Тур – Ника Крижнар.