Словенија го освои првиот олимписки златен медал во ски скокови во историјата, откако на врвот во Пекинг се искачи Урша Богатај.
Богатај дојде до историското достигнување со скоковите од 108 и од 100 метри, иако беше второпласирана после првата серија.
Водечката после првиот скок, Катарина Алтхаус, се закити со сребро, а двојна радост на Словенија и’ донесе Ника Крижнар, која освои бронза.
На четвртото и на петтото место се пласираа Јапонката Сара Таканаши и третата најдобра Словенка – Ема Клинец.
Лидерката во генералниот пласман на Светскиот куп, Марита Крамер, поради позитивен тест на КОВИД-19 не учествуваше на денешното натпреварување.