Во првиот мешан екипен настан од брзо лизгање на кратки патеки во олимписката историја, репрезентацијата на Кина се закити со златен медал.
Домашната селекција (2:37,348) влезе во трката како фаворит, а беше претставена од: Ку Чунју, Фан Кечин, Ву Даџинг и Рен Зивеј.
Со сребро се закити Италија (2:37,364), која доцнеше само шеснаесет илјадинки, додека третата позиција ја освои Унгарија (2:40,900).
Боите на Италија ги бранеа Аријана Фонтана, Мартина Валчепина, Пјетро Зигел и Андреа Касинели, додека за ,,бронзената” селекција лизгаа Петра Јасапати, Софија Конја, Шаоанг Лиу и Шаолин Сандор Лиу.