
Во дисциплината могулс, во рамките на олимписката програма од фристајл скијање, златен медал освои Швеѓанецот Валтер Валберг.
Валберг дојде до триумфот со изведбата вредна 83,23 поени, доволна за прво златно одличје во неговата кариера.
Како второпласиран заврши легендарниот Микаел Кингсбери (82,18), кој беше првопласиран после првите квалификации.
Од останатите финалисти, подиумот го комплетираше Јапонецот Икума Хоришима (81,48).
Пласман во финалето изборија уште: Бенжаман Каве (79,44), Ник Пејџ (78,90) и Купер Вудс (78,88).




