По шесте врзани домашни натпревари, Милвоки Бруерс синоќа гостуваа кај Сан Диего Падрес и триумфираа со 1-3.
Во првиот ининг, Падрес поведоа преку Џариксон Профар, кој стигна до четвртата база после ударот на Фернандо Татис Џуниор.
Во продолжение, Бруерс постигнаа по еден хоум-ран во третиот, во петтиот и во осмиот ининг и на тој начин ја осигураа победата.
Прв поентер за ,,Пиварите” беше поранешниот член на Падрес, Луис Уријас, а потоа, за првпат во сезоната, хоум-ран постигнаа Били МекКини и Тајрон Тејлор.
Фрлачот на Сан Диего, Џоу Масгроув, имаше одличен ден со рекорд на кариерата од тринаесет страјк-аути.
На другата страна, со седум страјк-аути во шест ининзи, блескаше Брендон Вудраф.
На табелата на Националната лига, двете екипи ги заменија позициите, односно Милвоки (9-7) изби на петтото, а Сан Диего (10-8) падна на шестото место.
📸 Denis Poroy/Getty Images



