Третиот натпревар од полуфиналната серија помеѓу Бостон Селтикс и Мајами Хит заврши во корист на Селтикс со 117-106.
Победничкиот состав имаше резултатска предност, која порасна значително во третата четвртина. Мајами, со стандардно добрата игра во четвртиот период, успеа да се доближи до пет разлика на една минута до крајот, но не и да дојде до победата.
Со овој триумф, Бостон намали на 2-1 во вкупниот резултат.
Од Селтикс, најефикасен беше Џејлен Браун со 26 поени, а се истакна и Џејсон Татум со дабл-дабл учинок составен од 25 поени и 14 скокови.
Кај Мајами, Бам Адебајо постигна 27 поени придружени со 16 скокови.



