
Во првиот меч од групата 2 од втората фаза на СП во Т20 крикет, Индија го совлада Пакистан пред 90 239 гледачи.
Во дуелот на гигантите, а воедно и на едни од најлутите ривали во историјата на спортот, Индијците беа подобри со 160/6 (20) – 159/8 (20) после поените со последната топка.
Во првиот ининг, за Индија хет-трик постигнаа Хардик Пандја (3-30) и Аршдип Синг (3-32), а од пакистанските удирачи, најефикасни беа Ифтихар Ахмед со 51 и Шан Масуд со 52 поени.
За победниците, клучен играч беше Вират Коли, кој не доживеа викет и освои фантастични 82 поени, кои ја вратија Индија по слабиот старт.




