Еден од осумте натпревари од пораната денешна програма на НФЛ го одиграа Њу Ингланд Патриотс и Аризона Кардиналс.
,,Црвените” пресекоа додавање на Кем Њутон уште во воведните акции што му претходеше на шестиот овосезонски тачдаун со трчање на Кенјан Дрејк.
До крајот на четвртината, Зејн Гонзалез погоди еден филд-гол за двоцифрено
водство на Кардиналс.
Втората четвртина беше отворена со првите поени на Патриотс за коишто беше задолжен Џејмс Вајт што воедно беа последни во првото полувреме.
Во третата четвртина, Патриотс направија серија од 10-0, со филд-голот на Ник Фолк и со вториот тачдаун на Вајт за водство од 10-17.
Кон средината на последната четвртина, Аризона израмни на 17-17 со вториот тачдаун на Дрејк, кој следуваше по неколкуте прекршоци на одбраната на Њу Ингланд.
Навидум клучната акција се случи на четири и пол минути пред крајот, кога квотербекот на Патриотс, Њутон, го уфрли своето второ пресечено додавање на мечот на средината на теренот во рацете на Дре Киркпатрик. Во наредниот напад, на четврти обид за два јарди, Гонзалез промаши шут за победоносен филд-гол за Кардиналс.
Патриотс го имаа последниот напад што беше продолжен од Ајзеа Симонс, кој им донесе ,,бесплатни” петнаесет јарди со непотребниот удар врз Њутон. Во последната секунда, Фолк го направи она што неговиот колега од противничкиот состав не успеа да го направи – да постигне филд-гол за победа.
Со овој триумф, Патриотс ,,скокнаа” на 5-6, додека Аризона ,,падна” на 6-5.
Во соработка со НФЛ Македонија



