Футсал шампионот на Македонија, тимот на Шкупи го елиминира ирскиот шампион Блу Меџик Даблин во салата СЦ ,,Борис Трајковски” во Скопје со 3:0 со головите на Сефери во 6 минута од прво полувреме, додека во вториот дел за 2:0 гостите си постигнаа автогол.
Во последните моменти од натпреварот Незири ги постави конечните 3:0 и со тоа Шкупи обезбеди место во главните квалификации од Лига шампиони и обезбеди место помеѓу најдобрите 32 екипи во Европа.
Фото: Futsal Shkupi



