
Фудбалерите на Манчестер Јунајтед го запишаа првиот пораз во Премиер лигата во новата сезона, откако во шестото коло загубија од Астон Вила со 0-1.
За ,,Црвените ѓаволи”, ова беше трет пораз на последните четири средби во сите натпреварувања, додека за Вила, денешниот беше прв триумф на ,,Олд Трафорд” после 2009.
Јунајтед доминираше во текот на целиот меч, но Астон Вила дојде до водство со голот на дефанзивецот Куртни Хаус (88′) после центар-шут од корнер.
Во судиското продолжение, домаќините добија пенал, кој беше неуспешно изведен од Бруно Фернандеш што претставуваше очигледен огледало-ефект на дуелот од петтото коло против Вест Хем.
Непосредно по натпреварот, Манчестер Јунајтед, поради послаба гол-разлика, падна на четвртото место, додека Астон Вила се искачи на седмата позиција.



