И покрај очајната ситуација вон теренот, екипата на Рединг успеа да дојде до три победи по ред во англискиот Чемпионшип.
Популарните ,,Ројалс”, во деветтото коло, триумфираа со минимални 1-0 против благиот фаворит Мидлсброу.
Стрелец на единствениот погодок за тимот на Вељко Пауновиќ беше Хрватот Ален Халиловиќ (55′), кој стрелаше за Рединг за првпат откако пристигна во новата средина.
Во продолжение, надежите на Мидлсброу за реми или за пресврт паднаа во вода, поради фактот дека Мет Крукс (86′) заработи директен црвен картон.
На табелата, непосредно по натпреварот, Рединг го заземаше осмото, а Мидлсброу – петнаесеттото место.