
Во заостанатиот натпревар од дваесет и седмото коло на англиската Лиг 2, Кроули Таун и Донкастер ремизираа со 1-1.
Донкастер поведе длабоко во судиското надополнување на првото полувреме преку првиот гол во новата средина на Колан Лејвери (45+6′), кој погоди од единствениот шут кон противничката мрежа на својот тим.
До крајот, домаќините имаа петнаесет шутеви и шест во рамките на голот од кои, еден искористи Рафик Калил (82′) после само шест минути поминати на теренот.
За Кроули, овој бод може да одигра витална улога во битката за опстанок, оставајќи го тимот на дваесет и второто место.
Од друга страна, Донкастер ја зазема дцанаесеттата позиција и теоретски со сигурност нема да отпадне во Националната лига.