
АК Барс е на чекор до конференциското финале на Истокот, откако поведе со вкупни 3-1 против Адмирал Владивосток.
Во четвртиот натпревар од меѓусебната четвртфинална серија, гостите од Казањ славеа со 1-2 после продолжение.
Во текот на регуларниот дел, Кирил Семјонов погоди за 0-1 во шестата минута, а на средината, Либор Шулак израмни на 1-1.
Од дополнителниот период, на ,,Зелените” им беа потребни неполни шест минути за првата ,,меч-топка”, која ја обезбеди Александер Радулов.