
Во четвртиот полуфинален меѓусебен дуел, Далас Маверикс ги совладаа Голден Стејт Вориорс со 119-109 и намалија на вкупни 3-1.
После неизвесниот почеток, домаќините од Тексас имаа две убедливи четвртини, добиени со 81-46, кои им го донесоа триумфот.
Кај поразениот состав, Стеф Кари запиша 20 кошеви, а уште 17 додаде Џонатан Куминга.
На спротивната страна, Доријан Фини-Смит имаше 23 кошеви, а дабл-дабл направи Лука Дончиќ (30 поени, 14 скокови и 9 асистенции).