
Њујорк Ренџерс ги совладаа Каролина Хурикејнс со 4-1 во четвртиот четвртфинален дуел и ја израмнија меѓусебната серија на 2-2.
После две третини, ,,Ренџерите” имаа водство од 3-0, стекнато со головите на Френк Ватрано, на Адам Фокс и на Мика Зибанеџад.
Во третиот период, Теуво Тераваинен намали на 3-1, а конечниот резултат го постави Ендру Коп на девет минути пред крајот.
Одличен на голот на победничкиот состав беше Игор Шестјоркин, кој имаше 30/31 одбранети шутеви (96,77%).