Екипите во кои играат вкупно тројца кошаркари од балканските простори, Денвер Нагетс и Далас Маверикс, се соочија синоќа во ,,Бол Арена” среде Денвер.
Токму двајца од нив, Лука Дончиќ од Далас и Никола Јокиќ од Денвер, беа најефикасните кошаркари на мечот со постигнат дабл-дабл учинок. Словенецот уфрли 38 поени и 13 асистенции, додека Србинот имаше 38 поени и 11 скокови.
Имено, меѓусебниот дуел на двете екипи беше решен дури после продолжение, откако после регуларниот дел, резултатот гласеше 109-109.
Во дополнителниот период, Далас беше подобар со 8-15, за конечни 117-124.
За Маверикс (4-4), ова е втор триумф во низа за скок на четвртото место на Западот, додека Денвер е дванаесетти со учинок од 3-5.
📸 USA TODAY



