20 годишната Андреа после успехот на синглот „I know“ има нова соработка со Александар Масевски. Името на новата нумера е „I Don’t Know Your Name“. Како што спомнавме композитор, аранжер и музички продуцент на песната е Александар Масевски, кој ги напишал и стиховите, додека мастерингот го направил Дариус Ван Хелфтерен. За оваа нумера е направено и прекрасно видео каде режијата на видеоспотот ја потпишува Владимир Митревски – Ѓуле, а зад него стои продукцијата „Фокус филм“. Песната веќе се врти во повеќе европски земји и САД.
Погледнете како ова звучи и изгледа!