Мечот меѓу Астон Вила и Ливерпул од ФА купот ќе се игра вечерва. Домаќините потврдија дека ќе состават тим за да излезат на терен против англискиот првак, иако тимот од Бирмингам има големи проблеми со многуте заразени фудбалери со коронавирусот.
Астон Вила вчера го затвори тренинг-кампот и најави дека може да нема доволен број играчи за да настапи против Ливерпул, но сега стигна потврда дека дуелот ќе се игра во предвидениот термин. Оваа сезона Астон Вила го порази на Ливерпул во првенството со резултат од 7:2.