
По шесте меѓусебни последователни победи, Њујорк Јенкис синоќа го запишаа првиот пораз пд Сиетл Маринерс.
Имено, за првпат после 9 мај 2019, Маринерс ги поразија ривалите од ,,Големото јаболко” со резултат од 4-0.
Домаќините постигнаа два поени во вториот и по еден поен во првиот и во осмиот ининг.
Единствен што поентираше со трчање беше Луис Торенс, а по еден хоум-ран забележаа Кајл Сигер, Дилан Мур и Митч Ханигер.
За победникот состав, одлична партија прикажа фрлачот Логан Џилберт, кој допушти само една база и освои вкупно осум страјк-аути за седум ининзи.
На спротивната страна, солиден беше и неговиот колега од Јенкис, Џордан Монтгомери, со освоени девет страјк-аути.
На табелата на Американската лига, Сиетл (46-42) се наоѓа на седмата, а Јенкис (44-42) на деветтата позиција.