Искусното десно крило Златко Мојсоски и во наредната сезона останува во Бутел Скопје. Тој го продолжи договорот на уште една сезона, што за него ќе биде четврта во дресот на тимот од Скопје.
Претходно Бутел Скопје ги продолжи договорите со Димитар Ѓоргиевски, Мирко Мајиќ, Томче Стојановски, Бојан Блажески, Кристијан Василевски, Владимир Јевтиќ и Јовица Младеновски, а нови засилувања за тимот се Саша Пулјизовиќ, Градимир Чаневски, Кристијан Давитковски, Денис Тот, како и младите Иван Андревски и Филип Фидановски.