
Натпреварувачкиот викенд во Антолц, Италија, од Светскиот куп во биатлон продолжи со машката трка со масовен старт, односно со женското екипно натпреварување.
Кај мажите, Бенедикт Дол (37:14,9) ја освои третата победа во својата кариера, односно прва после 19 декември 2019, благодарение 19/20 погодени мети.
Зад него, на подиумот се најдоа двајца Норвежани, Јоханес Тингнес Бо (+31,3) и Стурла Холм Лагреид (+1:28,8).
Битката за четвртата позиција беше водена речиси до самиот финиш, а нејзиниот распоред гласеше: Антонан Жигона (+1:34,7), Сиверт Гуторм Бакен (+1:35,2) и Теро Сепала (+1:42,1).
Во женска конкуренција, Норвешка (1:12:54,1) ја потврди својата доминација во состав на: Каролине Кнотен, Тирил Екоф, Ида Лин и Ингрид Ландмарк Тандерволд.
Втората позиција ја зазедоа Русинките (+24,6), односно Валерија Васнецова, Кристина Резцова, Ирина Казакевич и Улијана Нигматулина, кои трчаа три дополнителни круга.
Во битката за најниското место на пиедесталот, Франција (+32,6), во фотофиниш, ја порази Италија (+32,6).
Имено, боите на ,,бронзената” селекција ги бранеа Клои Шевалие, Жистин Бреза-Буше, Пола Боте и Ане Бекон.




