
Национализмот помеѓу Англија и Велс се отсликува со популарното Севернсајд дерби, во кое, на теренот се соочуваат Бристол Сити и Кардиф.
Двете екипи, односно двата града, се оддалечени околу седумдесет километри, но се наоѓаат во две различни држави од Велика Британија.
Во рамките на 28. коло од Чемпионшип, ривалите се соочија по 98. пат во историјата, а со победата од 3-2, Бристол Сити ги израдува своите навивачи по 41. пат во меѓусебните пресметки.
После половина час игра, велшкиот тим поведе со 0-1 преку Џејмс Колинс (31′), но само две минути подоцна, Крис Мартин (33′) израмни за домаќините.
Клучни за Бристол Сити беа поранешните фудбалери на Дерби Каунти, односно гореспоменатиот Мартин, кој погоди за целосен пресврт (63′) и Андреас Вајман (77′), кој зголеми на 3-1.
До крајот, гостите успеаја само да го намалат својот заостаток преку дебитантскиот гол на Макс Ватерс (90′) во новата средина.
На табелата, Бристол Сити го зазема шеснаесеттото место, додека Кардиф се наоѓа на дваесеттата позиција.




