Во финалната серија на МЛБ, ЛА Доџерс синоќа стекнаа вкупно водство од 2-1, со убедливата победа од 2-6
Претставниците на Лос Анџелес водеа со 0-5 после четвртиот, односно со 1-6 после шестиот ининг.
За нив, двајца играчи забележаа по еден хоум-ран (Џастин Тарнер и Остин Барнс), а неверојатен беше и фрлачот Вокер Бјулер, кој, во шест ининзи, дозволи само три удари и направи десет ,,страјк-аути”.
Единствените поени за Тампа Беј паднаа во петтиот и во деветтиот ининг. Токму при последниот поен, хоум-ран постигна Ренди Арозарена.



