Ричмонд Тигерс и Џилонг Кетс ги одмерија силите во овогодинешното финале на АФЛ – најквалитетната лига за австралиски фудбал во светот.
Ова беше вкупно 124. финале во историјата и прво одиграно надвор од сојузната држава Викторија. Причина за тоа беше Коронавирусот, а новата локација на овој меч беше стадионот ,,Габа” во Бризбејн, Квинсленд.
Конечниот резултат на финалната средба изнесуваше (12.9) 81-50 (7.8) во корист на Ричмонд, кој дојде до својата трета титула во последните четири години и вкупно тринаесетта во историјата.
Во првата четвртина, Џилонг беше за нијанса поуспешен тим, пред сè поради двата гола на Камерон Гатри и на Митч Данкан, за предност од (2.1) 13-14 (2.2).
,,Мачките” почнаа да ја билдаат својата предност во втората четвртина со серијата од 21-0 и на полувреме заминаа со водство од (3.2) 20-35 (5.5).
Периодот после полувремето го доби Ричмонд со одлични 26-9, за комплетирање на пресвртот и заминување во завршниот дел со минимална предност од (7.4) 46-44 (6.8).
Во четвртата четвртина, Ричмонд само ја зголемуваше својата предност (35-6) и накрај го запиша триумфот од триесет и еден поен разлика.
Најефикасен играч на мечот беше капитенот на Ричмонд, Дастин Мартин, кој постигна четири голови и стана првиот капитен на Тигерс во историјата што има освоено три титули.
Имено, на патот до финалето, Ричмонд ги доби Ст. Килда Сеинтс и Порт Аделаид Пауер, додека Џилонг беше подобар од Колингвуд Мегпајс и од Бризбејн Лионс, иако во првата рунда претрпе пораз од Порт Аделаид.



