Атланта Брејвс синоќа поведоа со 3-1 во меѓусебната полуфинална серија против ЛА Доџерс, со убедливата победа од 10-2.
Клучен елемент за победата на Брејвс беше шестиот ининг во којшто забележаа шест поени.
Два од десетте поени на Атланта дојдоа од хоум-раните на Марсел Озуна, во четвртиот и во седмиот ининг.
Единствениот хоум-ран за Доџерс беше дело на Едвин Риос во третата деветина.



