Хјустон Астрос успеаја да намалат на 3-2 во меѓусебната полуфинална серија против Тампа Беј Рејс.
Имено, Рејс ги добија првите три натпревари и навидум беа сигурни патници во финалето.
Синоќа Астрос направија изненадување, откако победија со 4-3.
Победничките играчи, односно Џорџ Спринџер и Карлос Кореа постигнаа по еден хоум-ран, од коишто, оној на Кореа беше воедно и последен удар на мечот за победа. Од друга страна, сите три поени на Рејс беа исто така хоум-рани од Брендон Лоу, Ренди Арозарена и Џи-Ман Чои.
За Арозарена, ова беше вкупно шести хоум-ран во плејофот со којшто го израмни рекордот за најмногу плејоф поентирања од страна на еден дебитант во историјата.
Освен Кубанецот, ист учинок има и Иван Лонгорија од 2008, кој исто така настапуваше за Тампа Беј.



