Глен Дурант е новиот шампион на англиската Премиер лига во пикадо во својата дебитантска сезона во ова натпреварување.Англичанецот беше првопласиран во регуларниот дел, а во финалето го порази третопласираниот, исто така дебитант, Нејтан Аспинал со 11-8.
Аспинал беше подобар во речиси сите статистики, но накрај не успеа да ја освои титулата. 29-годишниот Англичанец, роден во Стокпорт, го водеше новиот шампион во фрлања од 180 поени (8-4), во фрлања од над 140 поени (20-16), во фрлања од над 100 поени (38-37) и во просек од три стрелки (92,15 – 91,84).
Во полуфиналето, Дурант тесно го порази Гери Андерсон (10-9), додека Аспинал беше подобар од Питер Рајт (10-7).



