Најслабата екипа според бројот на освоени поени во КХЛ, Динамо Рига, успеа да го изненади претендентот за плејоф, Спартак Москва, совладувајќи го со 2-5.
Динамо поведе после четири минути игра со голот на Лаурис Дарзинш, а Спартак, до средината на вториот период, успеа да направи пресврт преку Лукаш Радил и Михаил Јунков.
Во втората половина од мечот, летонските претставници постигнаа четири погодоци за конечниот триумф. Овој пат, стрелци беа Даниелс Берзинс, Рихардс Букартс, Мартинш Дзиеркалс и Денис Паршин.
За Спартак, ова е втор врзан пораз со вкупна гол-разлика од 2-11, но сепак остануваат на седмото место на Западот, додека Динамо Рига и покрај победата, не го загуби негативниот епитет.



