Диего Коста е пред враќање во Премиер лигата, но не во некој од лондонските клубови, туку во Вулверхемптон, клуб на кој му е потребен класичен напаѓач по повредата на Раул Хименес кој веројатно нема да игра до крајот на сезонава.
Ако се договорат за платата, Коста може да премине во Премиер лигата (го бара и Арсенал, но ,,Волците” се фаворити), доколку не, има богати понуди од Јужна Америка и од Блискиот и Далечниот Исток.

Бразилецот со шпански пасош е слободен агент откако го раскина договорот со Атлетико Мадрид, па ,,Волците” почнаа преговори со него. Диего има искуство од играње во Премиер лигата, беше дел од Челзи, со кого освои две шампионски титули. Во тој период, Диего за Сините даде 52 гола на 89 меча.