Јубилејниот 50. овосезонски меч на Динамо Москва беше одбележан со вториот врзан триумф над ЦСКА Москва, со резултат од 4-1.
Во првата третина, Динамо ја стекна капиталната предност преку двата брзи погодоци на Андреј Сергејев и на Магнус Паајарви.
Сето тоа резултираше со промена на голманската позиција на ЦСКА, односно наместо Александер Шариченков влезе Ларс Јохансон.
На пет минути до крајот, ,,Армејците” намалија на 2-1 благодарение на Константин Окулов, но во последната минута, Вадим Шипачјов и Данил Тарасов го поставија конечниот резултат на празен гол.
ЦСКА и покрај поразот останува прва на Западот, додека Динамо, со новите два поени, со ,,една нога” е веќе во плејофот.
📸 Twitter: HC Dynamo Moscow