Данска се пласираше во полуфиналето на Светското ракометно првенство, откако во најневеројатниот дуел на Мундијалите го елиминираше домаќинот Египет со 39:38 и тоа дури по подобро изведување на пенали.
Анталогискиот меч траеше 80 минути и немаше победник, па мораа да се шутираа пенали. Во регуларните 60 минути имаше дури 16 израмнувања па затоа очекувано немаше победник 28:28 и мораа да се играат дополнителни 10 минути.
По новите 10 минути немаше победник резулгатот гласеше 34:34, па мораа да се играат плус 10 минути продолженија. Во вкупно 80 минути на теренот, резултатот остана нерешен 35:35 и мораше да се шутираат пенали.
Домаќините први шутираа и промашија, па данците погодија за 36:35 и имаа предност до четвртата серија, кога Нилсен промаши и во пресрет на последната серија повторно беше нерешено. Ландин го одбрани петиот пенал на Али Зеин и меч топката за Данска ја имаше Ласе Сван Хансен кој погоди за пласман на Данска во полуфиналето.