Дуелот на двете ,,Динама” од главните градови на Русија и на Белорусија заврши во корист на московскиот клуб со 2-0.
Имено, Динамо Москва ја прекина својата негативна серија од два порази, а со самото тоа, стави крај и на позитивната низа од три триумфи на Динамо Минск.
Стрелци за Динамо Москва беа Андреј Миронов во првата и Иван Муранов во втората третина.
Со овој триумф, Динамо Москва остана на четвртото место на Западот, но ја зголеми предноста во однос на денешниот ривал на пет поени.
📸 Sergei Fadeichev\TASS via Getty Images