Првиот натпреварувачки викенд од Светскиот куп во ски скокови, веднаш после Новогодишната турнеја, се одржа во германскиот Титизее-Нојштадт.
До 39. победа во кариерата, односно трета во низа, дојде освојувачот на Новогодишната турнеја, Камил Штох, со скокот од 144 метри во втората серија.
Полјакот се израмни на третото место на вечната листа по бројот на победи со сонародникот Адам Малиш, а пред нив се само Мати Никенен (46) и Грегор Шлиренцауер (53).
На второто место заврши водечкиот во генералниот пласман, Халвор Егнер Гранеруд, а подиумот го комплетираше Пјотр Жила.
Во продолжение следуваа: Маркус Ајзенбихлер, Андржеј Стекала, Штефан Крафт, Давид Кубацки, Мариус Линдвик, Роберт Јохансон и Даниел Хубер.
📸 Adam Pretty/Getty Images