Откако СКА Ст. Петербург поведе со убедливи 3-0 и дојде на чекор до четврт-финалето, Динамо Минск успеа да избори најмалку уште една пресметка.
Имено, белоруските претставници, во четвртиот дуел, успеаја да триумфираат со 2-1 и на тој начин сè уште да останат во игра.
На мечот, во секоја третина падна по еден погодок, со тоа што СКА поведе на 0-1 преку Андреј Кузменко.
Во продолжение, домаќините направија пресврт преку Артјом Демков во вториот и преку Денис Мосалјов во третиот период.
📸 Twitter. Хоккейньй клуб СКА