Андреа Ањели потврди дека на денешниот состанот на здружението на европските фудбалски клубови (ЕКА), договорена е драстична промена на натпреварите во Лигата на шампиони и тоа ќе започне од сезоната 2024/25.
Веќе неколку месеци се зборува за промената на форматот во Лигата на шампиони, а сега е многу извесно дека тоа и ќе се случи од 2024 година. Новата Лига на шампиони ќе се игра по систем сличен на тој во кошаркарската Евролига.
Наместо досегашните 32 екипи, во елитната лига ќе играат 36 клубови, односно четири повеќе од сега. Нема да има поделба во групи, туку ќе се игра во една лига, а ќе се користи таканаречениот „швајцарски модел“.
По завршување на лигашкиот дел, во осминафиналето ќе одат осумте првопласирани, како и осум екипи кои ќе бидат познати по разигрување на екипите кои ќе бидат од 9 до 24 позиција.
Веќе нема да има квалификации за пласман во ЛШ. Најсилните лиги ќе добијат по пет или шест претставници, а останатите места најверојатно ќе бидат поделени на клубовите според УЕФА ранкингот.
Како еден од предлозите е да се забрани да се продаваат играчи меѓу клубовите кои ќе бидат дел од ЛШ. Новиот формат на Лигата на шампиони треба да биде до 2033 година.



