Динамо Москва, со ,,петарда”, го декласира лутиот градски ривал, Спартак, нанесувајќи му го четвртиот врзан пораз.
Имено, Динамо оствари победа од 5-0 за тотално обратен учинок од денешниот соперник во последните четири натпревари.
Момците предводени од Владимир Крикунов постигнаа по два погодоци во првите две третини и еден во третиот период.
Стрелци на головите беа Дмитриј Јашкин, Владимир Брјуквин (х2), Михал Чајковски и Оскар Линдберг.



