Линц во синоќешниот меч од Австрискиот шампионат стигна до бод на гостувањето против ВестВиена кој заврши со конечни 23:23 иако после првиот дел губеа со 13:9.
Никола Костески постигна 7 голови сите од игра и беше убедливо најдобар стрелец во Линц, а втор на мечот зад Ранфтл од ВестВиена кој даде 11 ( но 8 од седмерец). После мечот Ранфтл и Костески ја добија наградата за најдобри ракометари на овој меч.




