Њујорк Метс и Атланта Брејвс одиграа интересна меѓусебна серија исполнета со многу постигнати поени.
Првиот дуел го доби Атланта со 2-15, а Метс возвратија во вториот со 7-2.
Синоќа, Брејвс повторно ги добија Метс, но овој пат доминантно со 0-7.
Поените беа постигнати во шестиот, во осмиот и во деветтиот ининг.
Единствениот хоум-ран на мечот го постигна Роналд Акуња Џуниор во шестата деветина.
Со оваа победа, Атланта дојде до 31-22 и ја задржа првата позиција во Источната дивизија на Националната лига.
Во истата дивизија, Метс се четврти со 24-29.