За првпат во тековната сезона, скијачите од Светскиот куп во крос-кантри се натпреваруваа во Шведска, односно во Фалун.
На денешната програма беа закажани трките на дистанца од 15 километри за мажи, односно од 10 километри за жени.
Во машката конкуренција, Александер Болшунов (32:33,3) ги натскија Норвежаните, кои ги окупираа наредните три позиции преку Симен Хегштад Кругер (+1,8), Сјур Роте (+23,9) и Ханс Кристер Холунд (+25,1), а Иван Јакимушкин (+51,7) го комплетираше пласманот во првите пет.
Кај дамите, Џеси Дигинс (+23:35,9), после долг пост, успеа да ја порази Терезе Јохауг (+2,1), а третото место го освои Еба Андерсон (+14,6). Во првите пет, освен нив, се пласираа Рагнилд Хага (+40,6) и Хајди Венг (+41,1).
📸 neveitalia.it