Јубилејното 50. издание на Светското првенство во санкање на вештачки патеки започна денес со трите трки во спринт.
Истото се одржа во германскиот град Конихзее, откако, поради КОВИД-19, Калгари и Ванкувер ја изгубија домаќинската дозвола.
Денешната програма ја отвори машката спринт-трка, на која, најбрз беше Нико Глајршер (38,375). Неговиот брат Давид (+0,042) го освои бронзениот медал, а за само една илјадинка подобар од него беше Русинот Семјон Павличенко (+0,041).
Во женска конкуренција, Германките го окупираа подиумот во името на Јулија Таубитц (39,101), на Ана Берајтер (+0,011) и на Дајана Ајтбергер (+0,199).
Што се однесува до паровите, Тобијас Вендл и Тобијас Арлт (39,126) ги натсанкаа браќата Андрис и Јурис Шикс (+0,014), односно Германците Тони Егерт и Саша Бенекен (+0,035).
📸 Twitter: FIL Luge