Екипата на Сочи, иако теоретски одамна ги загуби шансите за плејоф, денес тоа го ,,постигна” и математички.
Имено, претставниците на олимпискиот град, на гостински терен, го доживеаја кардиналниот пораз, откако Динамо Москва ги совлада со убедливи 4-0.
Сите голови на мечот беа постигнати во втората третина, во интервал од тринаесет минути.
За само десет минути, дефанзивецот на московскиот тим, Михал Чајковски, запиша неверојатен хет-трик, а по него, мрежата на Максим Третијак ја затресе и Данил Тарасов.
📸 dynamo.ru



