Со голема жалост соопштуваме дека хронометарската трка во Скопје што требаше да се оддржи во сабота (13 јуни) е одложена!
Во официјалната објава на Фејсбук на „Хронометар 10КМ“ стои:
⚠️ВАЖНО СООПШТЕНИЕ ⚠️
СЕ ОДЛОЖУВА АТЛЕТСКАТА ТРКА HalkEco Хронометар 10KM ⚠️
Со огромно жалење, ве известуваме дека поради зголемениот број на заболени од КОВИД – 19 во последниов период и покрај тоа што протоколот за одржување на трката беше одобрен од Комисијата за заразни болести при Министерството за Здравство, ве известуваме дека не е добиено одобрение од МВР- ПС Центар трката да се одржи на 13.06.2020 година.
Точниот датум на одржување на трката HalkEco Хронометар 10КМ ќе биде соопштен дополнително. На оние учесници кои што се пријавија да се натпреваруваат на првичниот датум, а нема да се во можност да се натпреваруваат на новиот датум, парите за котизација ќе им бидат вратени.
Повикуваме на почитување на мерките за лична заштита и заштита на целокупното население за намалување на бројот на заболени.
Фотографијата е преземена од официјалната Фејсбук страна на „Hronometar 10 KM“



