
Во увертирата на 35. коло од италијанската Серија Б, СПАЛ и Кротоне ремизираа со 1-1 во Ферара.
Гостите од јужна Италија дојдоа до почетна предност уште на самиот старт, благодарение на дебитантскиот гол на Давид Шнег (7′) во италијанскиот фудбал.
Во динамична игра, со прилики и на двете страни, домаќините дојдоа до реми во самиот финиш и му ,,украдоа” два витални бода на својот ривал во борбата за опстанок.
Имено, голгетер за СПАЛ беше џокерот од клупата, Џузепе Роси (86′), кој се запиша во листата на стрелците по третпат сезонава.
На табелата, Кротоне остана на деветнаесеттото место, додека СПАЛ е петнаесетти тим и со речиси сигурен опстанок.