
Тренерот на Џилонг, Крис Скот, иако има 72% победи во регуларната сезона што е најмногу од сите активни тренери, сепак не е сигурен на кормилото на ,,Мачките”.
Овој менаџер има исклучително лоши изданија во плејофот, кои во пресрет на денешниот дуел носеа само 39% успешност.
Засега, Австралиецот го задржа својот ангажман, откако во четврт-финалето го порази тимот на ГВС Џајантс, кој беше ослабнат поради суспензијата на најдобриот стрелец – Тоби Грин.
Имено, Џилонг се пласираше во овогодинешното полуфинале, каде што ќе се соочи со Мелбурн Демонс, надигрувајќи ги претставниците на Сиднеј со убедливи (15.13) 103-68 (10.8).
Кетс го започнаа мечот на одличен начин, поведувајќи со 17-3 после дваесет минути игра.
Вториот квартал беше релативно изедначен, 21-20 во корист на Џилонг, а клучната разлика за номиналните домаќини дојде во убедливата трета четвртина, добиена со 31-14.
За победничкиот состав, беспрекорна партија одигра Том Хокинс (5.1), а освен него, голгетерски најрасположени беа Гери Роан (2.2), Џереми Камерон (2.2), Сем Менегола (2.1) и Бред Клоус (2.0).
На спротивната страна, единствени двојни стрелци беа Хари Химелберг (2.1) и Конор Стоун (2.1).